Културен живот

Француската алијанса во Тетово е центар на културниот живот во Полошкиот регион и гнездо на франкофонската култура.

Овие се неколку примери на културните настани организирани од страна на Француската алианса:


Fête de la musique


Од 1982 година, Fête de la musique се организира во Франција и во светот (во повеќе од 700 градови надвор од Франција) секоја година на 21 Јуни.
Целта на Fête de la musique е да се прославува живата музика, пеачите, музичарите и различните видови на музика.
Правилата се овие: можност за сите да се искажат преку музиката, без разлика колку знаат за музиката/ надвор-на улица / волонтирањето е сржта на овој настан, вклучувајќи ги и музичарите и организаторите.
Во Тетово, Fête de la musique  се организира веќе 10 години од страна на Француската алианса во соработка со нејзините партнери (LOJA, Музичкото училиште во Тетово, Американското катче).


Beaujolais nouveau

“Beaujolais” е вино кое се произведува во Франција во регион кој го носи истото име. Доаѓањето на ова вино со години се прославува на третиот четврток на месец ноември, и тоа во неколку земји. По овој датум, овој вид на вино може да се пласира на пазар.
Француската алианса ја негува оваа традиција и секоја година организира дегустациска вечер за да го прослави доаѓањето на Beaujolais nouveau. 


Франкофонски вечери "café francophone"

Еднаш месечно, членовите и волонтерите на Француската алианса во Тетово организираат франкофонски вечери во една од неколкуте партнер кафетерии во Тетово. Оваа е прекрасна можност за сите обожаватели на францускиот јазик од овој регион за да се собираат и зборуваат за француската култура. Секако дека за мени има и француска музика!


Cinéclub

Во партнерство со организацијата ЛОЈА и со францускиот институт во Скопје, еднаш месечно се прикажува француски филм со превод на Албански и Македонски јазик.  Овој француски Cinéclub е дел од “Pocket Cinema” кое се одржува секој четврток во просториите на ЛОЈА.

Франкофонски камп

Француската алианса во Македонија (Тетово и Битола) секоја година организира франкофонски  камп за деца каде што присуствуваат 30-40 учесници. Секоја година темата е различна со цел да им овозможи на учесниците од различни потекла да научат нови работи и да уживаат. Заедничка точка: францускиот јазик!



Театар


Француската алианса веќе неколку години нуди театарски работилници за деца и млади. Секоја недела се одржуваат различни активности и проби со цел децата да бидат подготвени за претставата на крајот на школската година.
Во Јуни 2016, младите изведувачи на Француската алианса го освоија првото место на Националниот натпревар на франкофонскиот театар.


Запознавањето на најмладите со францускиот јазик

Можност за најмладите (3-6 години) да имаат контакт со францускиот јазик додека се забавуваат. Игри, песни и други креативни методи за да го научат јазикот. Добар начин дa ги подготвиме за иднината.



Педагошки и културни активности

Од време на време, Француската алианса организира активности за нејзините ученици и членови. Активностите зависат од интересот на учесниците, но се е можно: од планинарење до караоке. На француски, се разбира!



Aucun commentaire:

Enregistrer un commentaire