Кои сме ние?

Француските алианси


Мрежата на Француските алианси е присутна во 134 држави со повеќе од 800 Француски алианси и над 500 000 студенти.

Француската алианса има три мисии:
  • -      Да нуди часови по Француски јазик за сите ученици
  • -      Да ја промовира француската култура
  • -      Да ја промовира културната разноликост истакнувајќи ги сите култури  


Француска алианса – Тетово


Француската алианса во Тетово е место каде што се промовира Францускиот јазик и размената на франкофонската култура повеќе од 15 години.
Француската алианса во Тетово е партнер на сите училишта, универзитети и професори на Францускиот јазик во Тетово и околината.

Зачлени се:
Сакате да знаете повеќе за Француската култура? Сакате да бидете дел од нашите проекти и да имате пристап до нашата библиотека? Тука можете да ги најдете сите информации во врска со зачленувањето.

Тим

Директори


Септември 2014 -  : Julie Chamberland
2011 - 2014: Aude Valsesia
2007 - 2011: Paul Chambry
2005 - 2007: Julie Quetier
2004 - 2005: Julie Briand
2001 - 2004 : Benoit Billy

Бордот на директори


Бордот го сочинуваат претседателот, потпретседателот, секретарот и благајникот.
Бордот се избира секои четири години.

Актуелен претседател (од 2014 год):  Bujar Sinani
2013 - 2014 : Afrim Jashari
2005 - 2013: Faton Sherifi
2001 - 2005: Rauf Izeti


Професори


Мимоза Цека
Мимоза Цека дипломира на Универзитетот на Југоисточна Европа и магистрира на Универзитетот d’Artois во Франција во 2016. Таа работи во Француската алианса   како професор по француски јазик повеќе од 10 години.
Мимоза работи со сите видови ученици, но претежно работи со деца и млади. Таа е одговорна за драмската секција во алиансата и користи игри во наставниот процес. Освен во Франциската алианса, Мимоза предава Француски јазик во основното училиште Лириа во Тетово и во Тетовскиот Државен Универзитет. Таа е истотака тестер за ДЕЛФ (ниво А1 –Б2).


Фисник Шабани
Фисник Шабани му се придружи на наставниот тим на есен 2015. Фисник дипломира во Тетовскиот Државен Универзитет, но студирал две години и во Франција.
Во Француската алианса тој најмногу работи со студенти и возрасни. Фисник се натпреварувал неколку пати на натревари по Француски јазик и неколку години бил вклучен во културниот живот на Француската алианса. 


Марија Ковачевич
 
Марија Ковачевич е дел од педагошкиот тим од 2011 год. Дипломира на факултетот за литература во Скопје. Пред да и се придружи на Француската алианса, Марија работела како професор по француски и англиски јазик во основните училишта во Неготинскиот регион и во средното билингвално училиште во Неготино.
Марија беше дел на проектот за запознавање на најмладите со францискиот јазик. Таа истотака била на неколку локални и меѓународни проекти во различни орханизации (Clowns Blans, EquiLibre, KFOR).
Марија е службен преведувач.


Julie Chamberland
Џули доаѓа од Кебек (Канада) и на тимот му се придружи во 2014 година. Таа им предава на сите возрасти (мали деца, млади и возрасни) на сите нивоа. Џули предавла во Тетовскиот Државен Универзитет и во последните две години таа учествувала на неколку тренинзи за методологиите на учење на Францускиот јазик и употребата на дигиталните уреди во текот на предавањето


Нашите волонтери и пралтиканти


Педагошкиот тим го сочинуваат и локалните и Француските волонтери. До сега сме имале три волонтери од Франција кои ги споделиле нивните знаења и нивната пасија за Францускиот јазик и култура со учениците и професорите.
Elodie Marolles, Carolyn Perron и Marion Toulgoat


Нашите партнери



Aucun commentaire:

Enregistrer un commentaire