Часови по француски јазик

 Часови по француски јазик

Француската алианса нуди часови по француски јазик за сите нивоа: од почетници до напредно ниво (A1 – C2) и за сите возрасти: деца, адолесценти, студенти и возрасни.
Одлучувајќи да научите француски во Француската алианса, сте одбрале квалитет и интернационални стандарди. Нашата екипа е сертифицирана и продолжува да се обучува со наjсовремените техники и технологија во наставата.

Во Француската алианса имате две опции за следење на наставата: индивидуално или во група. 

Ценовник (2016-2017)

Датумите за следните семестри се
Есенски семестар 2016: 19 септември до 30 декември
Пролетен семестар 2017: 13 февруари до 19 мaj
Семестрите траат 15 недели
*
Индивидуалните часови се нудат без прекин, во зависност од распоредот на предавачите.

Ценовник 2016/2017 :

КАТЕГОРИЈА НА ЧАСОВИ
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА СЕМЕСТАРОТ
БРОЈ НА ЧАСОВИ ВО ТЕКОТ НА НЕДЕЛАТА
ЦЕНА ЗА ГРУПИ
ЦЕНА ЗА ИНДИВИДУАЛНИ ЧАСОВИ
Возрасни
15 недели
2 X 1:30
4.400 ден
6.900 ден/
12 часови
Студенти
15 недели
2 X 1:30
3.800 ден
6.900 ден/
12 часови
Адолесценти
15 недели
1 X 2:00
2.300 ден
6.900 ден/
12 часови
Деца
11 – 14 години
15 недели
1 X 2:00
2.300 ден
Деца
 8 – 11 години
15 недели
1 X 1:30
2.000 ден
Деца
  3-6 години
12 недели
1 X 1:00
1.000 ден
Театарска работилница
деца
1 месец
1X2:00
400 ден/месечно
Театарска работилница
возрасни
1 месец
1X2:00
600 ден/месечно



Зошто да научите француски јазик?

Да научиш еден нов јазик е исто како да се транспортираш во некоја друга земја
10 доволни причини зошто да научите француски:
  • Францускиот јазик се зборува во целиот свет (274 милиони луѓе зборуваат француски низ 5 континенти)
  • Францускиот јазик ви помага да најдете работа
  • Францускиот е јазик на културата
  • Францускиот јазик ви помага кога патување
  • Францускиот јазик ви овозможува да студирате во најдобрите универзитети во Франција и во светот
  • Францускиот јазик е втор јазик во меѓународните релации (UN, NATO, Олимписки игри…)
  • Францускиот јазик е клуч кој ви ги отвара вратите кон светот
  • Францускиот јазик е интересен за учење
  • Францускиот јазик е алатка која ви овозможува да научите и други странски јазици


Сертификати

DELF & DALF се официјални дипломи кои ги доделува Министерството за национално образование на Франција.
Овие дипломи се прифатени низ целиот свет и важат засекогаш.
Тие кореспондираат со 6-те нивоа дефинирани од Европското јазично портфолио.

За повеќе информации во врска со со тестирањето и цените, ве молиме кликнете на услуги на нашата web страна.

Aucun commentaire:

Enregistrer un commentaire